Тест за бременост – бета ХЦГ

by Ana Andreevska
Што е бета HCG и како се менува нејзината вредност?

Бета HCG, значи хуман хорионски гонадотропин. Другиот назив е хормон за бременоста. Овој хормон се лачи во ткивото на постелката на бебето. Дијагностички може да послужи за утврдување на бременоста, но и за пратење на текот на бременоста.

Неговото лачење може да се регистрира неколку дена по имплантација на ембрионот во матката. Денот кога жената најчесто ги прави тестовите за утврдување на бременост е првиот ден од изостанок на менструација, што во просек е од 12 ти до 14 ти ден после овулацијата. Нивото на Бета HCG во крвта е околку 100IU/L, но може да биде доста повисок или низок. Во случај на повеќе плодна бременост, нивото на бета HCG може да биде значајно повисока.

Ниво на хормонот ја прати бременоста и правилниот развиток, отприлика се дуплира на секои два дена. Затоа лекарите понекогаш бараат од трудницата неколку пати во почетокот на бременоста да се исконтролира нивото на овој хормон за да ја потврдат бременоста како уредна.

Највисоко ниво достигнува околу 9-тата недела од бременоста, кога неговата висина е и до 120.00 IU/L. Вредноста потоа почнува да опаѓа, па од 20 та недела па се до крајот на бременоста изнесува околу 20.000 IU/L.

Дали некои лекови или супстанции може да ја намалат точноста на тестот?

Ништо не би можело да влијае на вредностите на нивото на hCG, освен лекови кои содржат hCG (Pregnyl). Овие лекови честопати се користат за лекување на неплодност и лекарот треба да даде насока како тие можат да влијаат на тестот. Сите други лекови како антибиотици, седативи, контрацептиви, или други хормонални препарати не би требало да влијаат на резултатите на тестот за hCG. Секако се подразбира дека препораката е за секоја жена која сака да забремени или се сомнева дека е бремена да не ги употребува.

Што треба да знаеме за нивоата на HCG?

При околу 85% од нормалните бремености хормонот HCG се удвојува на секои 48 – 72 часа. Со напредувањето на бременоста нивоата на HCG стануваат повисоки, па времето за нивното двојно зголемување на вредноста може да порасне на 96 часа.

Треба да се внимава со заклучоците кои се донесуваат само врз база на вредностите на HCG хормонот. И во нормална бременост може да биде ниско нивото на HCG и да доведе до раѓање на здраво дете. Резултатите од ултразвучните прегледи по 5-6 гестациска недела се многу попрецизни од анализата на нивото на HCG.

Нивоата на HCG пониски од 5mlU/ml се сметаат за негативен тест за бременост и секое ниво повисоко од 25mlU/ml се смета за позитивен тест за бременост.

Бета HCG нивоа по недели од првиот ден на последниот менструален период (ПРМ), или во гестациски недели:

  • 3 недели од ПРМ: 5 – 50 mIU/ml
  • 4 недели од ПРМ: 5 – 426 mIU/ml
  • 5 недели од ПРМ: 18 – 7 340 mIU/ml
  • 6 недели од ПРМ: 1 080 – 56 500 mIU/ml
  • 7 – 8 недели од ПРМ: 7 650 – 229 000 mIU/ml
  • 9 – 12 недели од ПРМ: 25 700 – 288 000 mIU/ml
  • 13 – 16 недели од ПМП: 13 300 – 254 000 mIU/ml
  • 17 – 24 недели од ПМП: 4 060 – 165 400 mIU/ml
  • 25 – 40 недели од ПМП: 3 640 – 117 000 mIU/ml
  • не бремени: <5.0 mIU/ml
  • менопауза: <9.5 mIU/ml

Овие вредности се само насочувачки – кај секоја жена нивоата на HCG можат да се зголемуваат различно.

Што може да значат ниските нивоа на бета HCG?

Ниските нивоа на бета HCG можат да имаат различни причини, заради тоа тестот треба да се повтори по 48 – 72 часа за да се утврди нивната промена. Ниските нивоа на HCG може да значат:

  • Погрешно пресметана гестациска недела
  • Можност за абортус или празна гестациска кесичка
  • Вонматерична (ектопична бременост)
  • Одредени ретки медицински состојби како што е трофобластна болест.
  • Некои лекови како метадон, хлордиазепоксид или прометазин можат да дадат лажно позитивен тест на бременост.
  • Да се спомене и лажниот позитивен тест на крвта наречен “фантомски hcg” кој претставува лажно позитивен тест на бременост. Кај овие заболени тестот од крвта секогаш ќе покажува зголемен бета hcg, а тестот од урина ќе биде негативен.
Што може да значат високите нивоа на hCG во крвта?

Високите нивоа на hCG можат да имаат различни причини и затоа тестот треба да се повтори за 48 -72 часа, за да се тестираат промените во нивоата.. Високите нивоа на hCG може да значат:

  • Погрешно пресметана гестациска недела
  • Моларна бременост
  • Повеќе плодова бременост
Што предизвикува лажен позитивен тест за бременост?

Причините за лажно позитивен тест за бременост се движат од предвремено тестирање и препознавање на бременост што не напредувала (најчеста причина) до неправилна употреба на тестот, а причината може да биде некои лекови што ги користите.

1. Имавте биохемиска бременост

Ова се имиња на бремености кои завршуваат многу рано, пред да можат да се видат на ултразвук. Бременоста се препознава со позитивни вредности на бета HCG, но за неколку дена по позитивниот тест, се јавува крварење и бременоста се распаѓа. Во суштина, спермата всушност ја оплодила јајце клетката и се создал ембрион, но тој не напредувал.

2. Имавте ектопична бременост

Ектопична (вонматерична) бременост е онаа во која јајце клетката се развива надвор од матката – во јајниците, фалопиевата цевка или абдоминалната празнина. Ако се случи ова, може да добиете лажен позитивен тест за бременост, бидејќи вашето тело ќе лачи HCG. Факт е дека оплодената јајце клетка не може да преживее надвор од матката. Ако не се појави спонтан абортус и забележите силна болка во стомакот или карлицата со крварење, побарајте лекарски совет што е можно побрзо. Ектопичната (вонматерична) бременост може да предизвика прекин на јајцеводите и, без третман, може да биде опасна по живот.

3. Премногу брзо се тестирате по абортус или породување

Ако сте абортирале или неодамна сте родиле, нивото на HCG може да остане зголемено дури четири до шест недели.

4. Моларна бременост

Моларната бременост е форма на абнормална бременост за време на која матката се полни со меури, односно мали белузлави цисти кои се гледаат на ултразвукот како групирани структури. Ова ткиво се нарекува хидатиформен крт. За време на моларната бременост, ембрионот или фетусот не се развиваат поради хромозомски нарушувања за време на оплодувањето. И покрај ова, нивото на HCG често е високо и може да добиете лажно позитивен тест за бременост.

5. Користите лек кој содржи HCG

Повеќето лекови немаат влијание на резултатите од тестовите за бременост, но одредени лекови, вклучително и некои инекции што се користат за стимулирање на овулацијата кај жени кои имаат проблем со неплодност, содржат HCG и потенцијално може да доведат до лажен позитивен тест за бременост.

Дали проверката на HCG е рутинска?

Не е вообичаена пракса докторот да ги проверува нивоата на hCG, освен ако нема знаци на можен проблем. Лекарот може да побара испитување на HCG ако има крварење, посилни болки или повторувачки абортуси кај пациентката.

Какво е нивото на HCG по абортус?

Повеќето жени може да очекуваат нивните нивоа на HCG да се вратат во нормала за околу 4 недели по абортусот. Тоа зависи од начинот на кој е извршен абортусот (спонтан абортус, абортус по медицинска препорака, природно раѓање). Лекарите обично продолжуваат да го тестираат нивото на HCG по абортус за да се уверат дека вредностите се вратиле на 5mlU/ml.

Тест за Бета HCG по ембриотрансфер – ИВФ

Последниот чекор од постапката на ИВФ е пренесување на ембрионот во матката. По трансферот, ембрионот ќе биде всаден во матката и започнува производството на бета HCG. Ако постапката е успешна, минималната вредност на бета HCG хормонот ќе биде ослободена на почетокот, а потоа вредноста брзо ќе се зголеми и вредноста може да се одреди со помош на тест на крвта.

Тест за бременост по постапката на ИВФ се прави најрано 12 дена по трансферот на ембрионот. Тестовите направени пред 12-тиот ден не се безбедни и не даваат јасни резултати.

Вредноста на бета HCG хормонот во крвта, доколку не се појави бременост, се намалува на нула, 7-60 дена по завршувањето на бременоста. Важно е да се следи намалувањето на HCG хормоните како резултат на моларна и ектопична (вонматерична) бременост.

Слични содржини