Нередовна менструација – кои се причините?

by Ana Andreevska

Менструалниот циклус е различен кај секоја жена …

Сите знаеме дека менструацијата не ни е баш омилена појава, но поради неа знаеме дали нешто не е во ред со нашето здравје. Да, навистина имаме непријатни болки поради кои се чувствуваме како некој да нe удирал по стомакот и чувство како да носиме пелени, секако да не заборавиме на чудните желби за храна и промени во расположението, но од менструацијата најмногу можеме да дознаеме за нашето здравје.

Менструалниот циклус се смета од првиот ден на добивање менструација, до почетокот на следниот. Тој е нарушен или неправилен ако трае подолго од 35 денови или ако варира постојано. Нормалниот циклус трае 28 денови – 2-3 дена порано или подоцна.

Неправилните менструални циклуси можат да бидат причинети од најразлични фактори, помеѓу кои и посериозни здравствени проблеми. Затоа, за ваквиот проблем треба да се консултирате со докторот кој ве следи.

Што сè може да биде причина за нередовен месечен циклус?
  • Стрес

Доколку се соочувате со стресни ситуации, како што се раскинување или развод, проблеми на работа, смртен случај и слично, тогаш може да имате проблеми со месечниот циклус. Стресот предизвикува голема психичка и физичка штета, па затоа може многу да влијае врз менструацијата. Стресот влијае на нивото на хормони во организмот, а големиот стрес предизвикува зголемување на кортизол, со што се спречува поризводство на хормоните естроген и прогестерон, и на тој начин се одложува менструацијата.

  • Лекови за контрацепција

Било кои лекови за контрацепција ќе го променат нивото на естроген во телото што може да влијае на менструацијата. Ќе ти треба одреден период за телото да се прилагоди, особено доколку менструацијата била нередовна. Освен што може да ја спречат бременоста, овие лекови може да им помогнат на девојките кои немаат редовна менструација. Многу е важно да пијат секој ден во исто време без да се пропушти еден ден. Доколку прескокнеш еден ден, циклусот може стане нередовен.

  • Премногу алкохол

Црниот дроб го регулира менструалниот циклус, така што ги метаболизира естрогенот и прогестронот. Премногу алкохол може да предизвикува оштетување на црниот дроб и да се вмеша во процесот на метаболизирањето на двата споменати хормони.

Нередовните циклуси често се знак за синдромот на полицистични јајници. Ако го имате овој синдром, покрај доцнењето на циклусите, можни се пообилни крварење за време на периодот. Симптомите на синдромот на полицистични јајници, можат да вклучат и гојазност, губење на косата, зголемена влакнетост на лицето и телото итн.

Студиите утврдуваат  дека дури 44% од испитаничките со нарушувања во менструалниот циклус, имале и некакви тироидни нарушувања.

Хипотиреоза или помалку активната тироидна жлезда, може да предизвика потешки периоди – повеќе и подолготрајни менстурални болки и грчеви. Исто така, можни се чувство на замор, сензитивност на ладно, покачена телесна тежина итн.

  • Хормонски дисбаланс

Некои хормони како што се пролактин или хормон на штитната жлезда, можат да предизвикаат да не добиете менструација. Ако дисбалансот на хормоните е причина, тоа едноставно може да го дознаете доколку проверите крвна слика.

  • Промена на телесната тежина

Познато е дека строгите диети не се добри по здравјето, а покрај тоа негативно влијаат врз вашиот меструален циклус. Доколку за брзо време сте ја намалиле тежината или пак сте накачиле неколку килограми, голема е веројатноста дека ќе имате нередовна менструација. Овие брзи промени на телесната тежина често предизвикуваат хормонален дисбаланс и имаат големо влијание врз редовноста на вашиот циклус.

  • Прекумерна физичка активност

Иако вежбањето е најдобар пријател на вашето тело и вашето здравје, ако претерате можете да се соочите со некои проблеми. Еден од тие проблеми е нередовната менструација. Напорното и интензивно вежбање доведува до физички стрес, односно се нарушува балансот на хормоните во организмот и со тоа се нарушува редовноста на циклусот. Кај спортистките нередовната менструација е честа појава.

  • Нарушувања во исхраната

Состојбите предизвикани од нарушувањата во исхраната, како што се анорексија или булимија, предизвикуваат нередовен менструален циклус.

  • Менопауза

Како и кај бременоста, во овој животен период се менува нивото на хормони во телото. Нередовните менструации можат да се јават и до девет години пред менопаузата.

  • Земање на други лекови

Ако неодамна сте биле болни и сте земале лекови на рецепт, менструацијата може да доцни и поради тоа. Причината е во фактот дека лековите може да го попречат начинот на кој телото произведува естроген и прогестрон.

  • Перименопауза

Перименопаузата претставува транзициониот период кон менопауза. Тој вообичаено почнува во 40-тите години, но може да се појави и порано. Промените во циклусите (пократки или подолги од вообичаено) се должат на поголемите промени во нивоата на естроген во овој период. Други симптоми: жешки бранови, потење во ноќта, промени во расположението, нарушен сон, вагинална сувост, намалена сексуална желба итн.

Слични содржини