Полицистични јајници – Дали овој синдром претставува препрека за забременување?

by martin

PCOS или таканаречен синдром на полицистични јајници е одговорен за абнормалното функционирање на Вашите јајници и изостанок на редовен менструален циклус.Проблем каде што има појава на дисбаланс на женските полови хормони.

Синдромот на полицистични јајници (СПЈ) ги напаѓа јајниците, односно репродуктивните органи кои продуцираат естроген и прогестерон – хормони задолжени за регулирање на менструалниот циклус.

Окулу 10 % од жените во репордуктивно доба страдаат од оваа состојба, а во последните 10 години процентот рапидно се зголемува, најверојатно поради се поголемото конзумирање на преработена храна богата со прости шеќери.

Причинителот за ваквата патолошка состојба не е со сигурност детерминиран, т.е се смета дека има повеќе фактори кои доведуваат до овој синдром, во поголем процент е генетски детерминиран,додека во доста голем процент 40% е поврзан со високи вредности на инсулин во крвта.

Како се воспоставува дијагнозата?

Дијагнозата за полицистични јајници се носи преку комбинација од клинички, ултразвучни и лабораториски испитувања на хормоните. Клиничките испитувања најчесто ги опфаќаат информациите за симптомите на жената, нејзините поранешни и фамилијарни болести, како и целосен физички преглед. Сепак, за поставување сигурна дијагноза најдобро е да се направи ултразвучен преглед. На тој начин може лесно и точно да се измерат и анализираат деталите во јајникот.

Што всушност ја предизвикува оваа состојба?

Иако точните причини не се целосно познати, синдромот на полицистични јајници се јавува кога хормоналниот систем на жените продуцира поголеми количини на машки хормони од оние нормалните. Тоа веројатно е резултат на генетиката, а други главни ризик-фактори се инсулинската резистентност и хроничните воспалителни процеси.

Според истражувањата, дури 70% од дијагностицираните пациентки со СПЈ имаат инсулинска резистентност, што е пак, прв ризик-фактор за гојазност. Ваквата состојба објаснува зошто огромниот дел од жените со СПЈ имаат и зголемена телесна тежина.

Кај жените кои го имаат овој синдром најчесто се појавуваат неколку од многуте симптоми и знаци

Статистиките покажуваат дека секоја десетта жена страда од полицистични јајници. Овој синдром го карактеризира појава на фоликули во јајниците во кои јајце-клетката не може да се развие до фазата кога е возможно нејзино оплодување. Оваа појава предизвикува зголемено лачење тестостерон, што се манифестира со следниве симптоми:

  • нередовни менструални циклуси
    • цисти во јајниците
    • зголемен раст на влакна на лицето и низ целото тело
    • опаѓање на косата
    • акни
    • зголемена телесна тежина
    • масна кожа
    • болки во долниот дел од стомакот
    • главоболки
    • потемнување на кожата на одредени делови од телото

 

Лекување и совет

Лекувањето на синдромот на полицистични јајници главно треба да се фокусира кон елиминирање на оние симптоми, кои се најголем проблем за жената – неплодноста, влакнетоста, анките или дебелината.

Ако не се обидувате да останете бремена, вашиот доктор може да ви припише контрацептивни таблети кои се комбинација од синтетички естроген и прогестерон. Тие го намалуваат нивото на андрогени во телото. Исто така можно е вашиот доктор да ви препише Метформин, лек за дијабетес  тип 2, кој го намалува нивото на инсулин во крвта.

Ако сакате да забремените, вашето лекување треба да биде насочено кон предизвикување на овулација.

Многу важно е и да ја одржувате вашата телесна тежина. Дебелината влијае лошо на вашето здравје на многу начини, дури и на вашата способност да останете бремена.

Проблемот со зголемената влакнетост можете да го решите на различен начин – бричење; депилација со крем, восок или депилатор или отстранување на влакната со помош на ласер и сл.

Многу е важно да не започнувате лекување на своја рака. Ако забележите неколку од посочените симптоми, консултирајте се со доктор, кој ќе го избере најдобриот метод за лекување за вас.

Најголемиот проблем што го создава овој синдром е неплодноста, односно отежнат процес за зачнување. Иако жените со полицистични јајници можат да останат бремени, најчесто е потребен строг надзор од доктор.

Пред започнување со каква било терапија, најпрво треба да се намали телесната тежина. За поголемиот број од жените, доволно е само губење 10% од нивната телесната маса со цел да ја вратат репродуктивната функција во живот. Што се однесува до лековите, тие се примаат по строг режим сè додека не се постигне овулација. Кога ќе се врати овулацијата, пациентката може малку да се опушти, но сепак е потребно внимавање при процесот на зачнување, како и внимателно следење на целата бременост.

Трудниците што го надминале овој синдром и останале бремени, имаат потреба од дополнителна грижа, особено ако имаат дијагноза и за инсулинска резистенција. Токму затоа правилната исхрана и контролата на телесната тежина се првите совети од докторите, а од таму продолжува и сè останато.

Слични содржини