Немам некое поинакво чуство бидеќи е од донација, исто ќе беше и со мои јајце клетки

by natasha

*Што за Вас значеше можноста да користите донирани јајце клетки?

Можноста да користам донирани јајце клетки беше единствена шанса јас самата да почуствувам што значи да бидам бремена и да станам родител на тој начин.

*Дали постојат одредени услови кои требаше да ги исполните пред да почнете со постапката?

Со оглед на тоа дека набавивме јајце клектки од анонимен донор, од банка, немаше некои посебни услови. Пред да започнеме со постапката потребно беше да се направат сите хормонски анализи, генетски тестирања и да се одреди крвна група за мене и мојот сопруг.

*Имавте ли одредени карактеристики кои ги побаравте, и што ви било понудено?

Јас лично немав никакви услови, првата шанса која беше добиена ја искористивме и ете, за наша неизмерна среќа, успешно.

*Се соочивте со некои недостатоци во текот на процедурата (правни или етички)?

Со целата процедура се беше во ред, освен што чекавме скоро пола година за да се најде соодветна донорка.

*Дали сте размислувале да стапите во контакт со донорот, и дали би го откриле потеклото на Вашето дете?

За донорот само знам дека има 22 години и живее во Валенција, Шпанија, а да стапам во контакт со неа сега за сега не. Зависи, секој размислува на свој начин, ама тоа дете кое го носам, немам некое поинакво чуство бидеќи е од донација, исто ќе беше и со мои јајце клетки.

*Постои ли нешто кое би го промениле во целиот процес?

За крај, само да кажам, тие парови, кои неможат да имаат дете со сопствен репродуктивен материјал, им препорачувам да не се мислат многу за бременост со донација. Чуството е прекрасно кога ќе го видите своето бебе на ултразвук.

Прашањата ги постави: Магистар по филозофски науки во областа на етиката Деспина Петровска

Одговори: Анонимно

*Содржината претставува авторско право на Здружението до бебе по патот на ин витро. Се забранува било каква употреба, копирање и умножување без претходно одобрение од Здружението!

Слични содржини