Промените во женските репродуктивни органи се циклични. Првично, се јавува раст и развој на јајце клетките. Паралелно на тоа ендометриумот во матката се менува, се подготвува да ја прими оплодената јајце клетка.
Потоа можни се две опции: почеток на бременоста, или отфрлање на оплодената јајце клетка и започнување на нов циклус. Фоликулометријата ги следи промените што се случуваат, помага во одредувањето на денот на овулацијата и претставува дијагностичка постапка за одредување на патологиите на процесот на овулација. Се изведува со помош на вагинално ехо. Се препорачува празен мочен меур.
Фоликулометријата е ултразвучно следење на растот на фоликулите и утврдување на присутството или отсуство на овулација. Тоа е првото испитување кај жената, кога се работи за неплодност, а веќе се исклучил мажот како фактор. Овој преглед се прави во тек на испитување за неплодност, се прави при инсеминација, стимулација на овулација или при протокол за вонтелесно оплодување.
На првиот ден од циклусот, на почетокот на фоликулогенезата, природно неколку фолекули растат со дијаметар не поголем од 2mm. На десеттиот ден веќе може да се забележи еден или повеќе водечки доминантни фолекули со дијаметар од прилика 15mm, зависно од тоа дали е природен или стимулиран циклус. При природен циклус се очекуваат еден до два водечки фолекули.
При стимулации, зависно од типот и интензитетот на стимулациите тој број се зголемува. Доминантниот фоликул продолжува да се развива и достигнува до 18-25mm во дијаметар до времето на овулација. Потоа при природен циклус се ослободува лутеинизирачкиот хормон под чие дејство јајцето го напушта фоликулот и излегува во перитонеалната празнина со мала количина фоликуларна течност.
При IVF процедура се следи периодот пред пукање на фолекулот како би можело да се одреди точен ден за пункција и аспирација на јајце клетките од фолекулите.


