Трансабдоминален серклаж

by Ana Andreevska
serklaz

Бременост со оперирано грло на матка-Трансабдоминален серклаж

Промените на грлото на матката се потврдуваат со биопсија и хистолошка анализа. Постојат реверзибилни промени, ЦИН 1 и ЦИН 2 и иреверзибилни,ЦИН 3 и карцином. Кога се потврдени иреверзибилните промени се пристапува кон отстранување на дел од грлото од матката, конизација. При конизација гинекологот кој ја изведува интервенцијата треба да биде максимално штедлив. Доколку по конизацијата грлото на матката е пократко од 25мм се препорачува трансабдоминален серклаж.

На пациентките на кои им е отстранет голем дел од грлото на матката или речиси целото, постои зголемен ризик од спонтани абортуси во вториот триместар, предвремено прскање на воденикот и предвремено породување. Затоа им се препорачува трансабдоминален серклаж. Се изведува лапароскопски или со класична лапаратомија (отворање на стомакот). Целта на оваа интервенција е да се постави нересорптивна трака на делот каде се спојуваат грлото на матката (кое недостасува) и самата матка. Локација која е невозможно да се да се добие ако се поставува трансвагинално. Со трансабдоминалниот серклаж се превенираат компликациите кои се очекуваат во текот на бременоста. Поставената трака останува на локацијата речиси доживотно, за секоја следна бременост. Жените со трансабдоминален серклаж мораат да се пораѓаат со царски рез.

tog

Гинеколозите препорачуваат извесен период по интервенцијата да не се забременува. По постоперативните контроли, нема никаков проблем жената да забремени, доколку интервенцијата е направена коректно и доколку не постои некој друг проблем кој е причина за неплодност.

Трансабдоминалниот серклаж најдобро е да се направи кога жената не е бремена, евентуално во првите недели, но не по 11-та недела од бременоста. Во тој случај интервенцијата е безбедна и по трудницата, и по фетусот. Се препорачува лапароскопскиот пристап кој има предност, заради пократкото време на хоспитализација и опоравување. Процедурата се изведува под општа анестезија и е со просечно времетраење од еден час. Хостпитализацијата е најчесто една ноќ.

Трансабдомионалниот серклаж е единствено решение за оние жени кои немаат грло на матката. Покрај нив, оваа интервенција се препорачува и кај жени кои претходно имале неуспешни бремености, и покрај вагинален серклаж, еднаш или повеќекратно. Тоа значи дека кај нив се случува нешто што докрај не е разјаснето, а е поврзано со квалитетот на ткивото на грлото на матката. Ова се многу ретки случаи. Главната разлика во однос на вагиналниот серклаж е тоа што нема ткиво од грлото на матката за да се постави вагинален серклаж, или потпора по вагинален пат.

Со напредувањето на бременоста траката се затега што овозможува поголема мобилност и делува како брана од инфекции.

Трансабдоменален серклаж се препорачува кај пациенки кои имаат направено конизација и немаат претходна бременост. Посебно ако се подготвуваат за ИВФ. Кај овие пациенти се препорачува селективен трансфер на само еден ембрион.

Доколку нема други проблеми поврзани со неплодност, трансабдоминалниот серклаж не претставува никаква пречка за природно забременување.

Слични содржини