ФОЛИКУЛОМЕТРИЈА

by Ana Andreevska
Промените во женските репродуктивни органи се циклични. Првично, се јавува раст и развој на јајце клетките. Паралелно на тоа ендометриумот во матката се менува, се подготвува да ја прими оплодената јајце клетка.
Потоа можни се две опции: почеток на бременоста, или отфрлање на оплодената јајце клетка и започнување на нов циклус. Фоликулометријата ги следи промените што се случуваат, помага во одредувањето на денот на овулацијата и претставува дијагностичка постапка за одредување на патологиите на процесот на овулација. Се изведува со помош на вагинално ехо. Се препорачува празен мочен меур.
Фоликулометријата е ултразвучно следење на растот на фоликулите и утврдување на присутството или отсуство на овулација. Тоа е првото испитување кај жената, кога се работи за неплодност, а веќе се исклучил мажот како фактор. Овој преглед се прави во тек на испитување за неплодност, се прави при инсеминација, стимулација на овулација или при протокол за вонтелесно оплодување.
На првиот ден од циклусот, на почетокот на фоликулогенезата, природно неколку фолекули растат со дијаметар не поголем од 2mm. На десеттиот ден веќе може да се забележи еден или повеќе водечки доминантни фолекули со дијаметар од прилика 15mm, зависно од тоа дали е природен или стимулиран циклус. При природен циклус се очекуваат еден до два водечки фолекули.
При стимулации, зависно од типот и интензитетот на стимулациите тој број се зголемува. Доминантниот фоликул продолжува да се развива и достигнува до 18-25mm во дијаметар до времето на овулација. Потоа при природен циклус се ослободува лутеинизирачкиот хормон под чие дејство јајцето го напушта фоликулот и излегува во перитонеалната празнина со мала количина фоликуларна течност.
При IVF процедура се следи периодот пред пукање на фолекулот како би можело да се одреди точен ден за пункција и аспирација на јајце клетките од фолекулите.

Доколку циклусот е пократок или подолг се поместува и почетниот ден на следење. Фрекфенцијата на фоликулометријата зависи од брзината на раст на фоликулот кој е индивидуален.
Обично расте 2-2.5mm дневно. Во тек на прегледот освен растот на фоликулите се следи и растот и дебелината на ендометриумот.
Продолжениот раст на фоликулите може да се претвори во фоликуларна циста. Во овој случај, зголемениот фоликул поголем од 25mm во дијаметар не прска и не престанува да расте (во исто време постои и акумулација на фоликуларна течност).
Во некои случаи воопшто не почнуваат да се развиваат фолекули или почнуваат да се развиваат а потоа се регресираат без да се создаде доминантен. Во тој случај нема овулација, тој циклус е ановулаторен и неможе да настане бременост. Кај жените со ановулаторни циклуси треба да се направат сеопфатни испитувања за да се утврди причината. Зависно од дијагнозата со силна желба, помена на начинот на исхрана и следење на медицинските совети жената има можност за природна бременост. Доколку тоа не е возможно се пристапува и кон методите за потпомогната репродукција.
По проучувањето на резултатите од фоликулометријата, докторот ќе може да извлече заклучоци за поповолни денови за забременување и идна бременост или да го пропише потребниот третман доколку се детектираат проблеми кај жената. Во зависност од резултатите од фоликулометријата, докторот ги презема неопходните мерки во случај на отстапувања. Понекогаш е неопходно да се направат дополнителни испитувања за да се утврди причината за неуспехот. Во иднина, според индикациите, хормоналната терапија може да биде пропишана за да се стимулира саканиот процес.

Слични содржини