Чај – помош при женска неплодност

by Ana Andreevska

Конвенционалните лекови и третмани за зачнување на бебе се од голема помош и даваат одлични резултати, но и народната медицина има свои фаворити. Постои долг список на ефикасни природни лекови кои можат да помогнат за подобра плодност кај жените и кај мажите, односно за полесен пат до саканата бременост.

Можеби изгледа најлесната работа на светот, но способноста на момент да се одвоите од секојдневната реалност и не е така едноставна работа.

Затоа ни се значајни ритуалите кои не релаксираат, а можеби и не сме свесни за тоа.

Помеѓу примерите за позитивни релаксирачки ритуали е и редовното пиење чај.

Во минатото, изразот стерилитет честопати се поврзуваше со неплодност на жената. Денес, неплодноста влијае и на мажите и на жените во еднакви проценти, па според истражувањето, доаѓаме до следниве проценти:

  • Женски стерилитет – 40%
  • Машки стерилитет – 40%
  • Идиопатски стерилитет (непозната причина) – 20%

Системот на репродуктивни органи е многу сложен и комплексен, затоа е потребно да се зачува процесот на оплодување и овулација.

ТИНКТУРА ЗА ЖЕНСКА ПЛОДНОСТ

Очајница важи за лековита билка која и денес наоѓа широка употреба во секое домаќинство. Порано жените кои имале проблем со зачнување, својот “очај” го лекувале со оваа билка.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 1 литар ракија
  • 100 гр. Очајница
ПОСТАПКА:

Билката се става во еден литар ракија и се остава 15 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и се складира во стаклен сад.

Употреба: 15 капки во чаша вода, трипати дневно, во текот на три месеци со повремени паузи, во комбинација со женскиот чај (од кој е одземена билката очајница). Доколку се пие само чајот, тогаш во него се додава и очајница.

ЖЕНСКИ ЧАЈ ЗА ПЛОДНОСТ:
  • 100 гр. ајдучка трева
  • 50 гр. бисерок
  • 50 гр. грчко семе
  • 50 гр. семе од анасон
  • 50 гр. мајчина душичка
  • 50 гр. очајница* (ако се пие тинктура, се исфрла од чајот)
ПОСТАПКА:

Сите билки се мешаат убаво и се складираат во лимен или стаклен сад. Од мешавината се зема една супена лажица и се прелива со 200 мл врема вода. Се остава половина час да отстои по што се процедува.

Се пие 2-3 пати дневно, со паузи за време на менструација.

Овој чај го зголемува бројот на фолекулите, ги зацврстува ѕидовите на матката, ги зацврстува и стимулира јајниците. Терапијата трае 3-6 месеци, во зависност од здравствената состојба на лицето.

Неплодноста е многу вознемирувачко и чувствително прашање, особено за жените.

Со векови народната медицина го докажува своето благотворно дејство врз овој проблем. Ако неплодноста на жената не е предизвикана од сериозна болест, можете сами да си подготвите напивка од следниве билки за кои се смета дека се особено корисни при женска неплодност:

  1. Тегавец – Од него се користат како лисјата, така и семето. Во случај на неплодност се прави запарка од семето, која е погодна како за жени, така и за лекување на неплодноста кај мажите. Оваа билка е ценета дури и во азиската народна медицина.
  2. Градинарски чај – Оваа билка е позната и како салвија. Пред да расцвета и се собираат листовите и врвовите кои се сушат. Од нив се прави запарка која делува добро кај неплодноста на жените. Може да ја купите во аптека.
  3. Ортилија – Од оваа билка исто така се прави запарка што треба да се пие 3 месеци. Прифаќањето се прекинува за време на менструацијата.
  4. Женска билка – Во народната медицина се користат корените и подземните разгранувања. Тие се вадат на пролет или есен и по миењето се лупат и се сушат на сенка. Од овој зачин се става 1 лажичка во 500 мл вода, која се става да се вари околу 10 минути и се оие половина час пред оброк 4 пати на ден.
  5. Цветови од роза – Не е важно каква боја има розата, најважно е дека таа е многу богат извор на витамин Е, за кој се знае дека е потребен при лекување на неплодност. Цветовите се собираат, се сушат и од нив се прави запарка, така што на 10-тина цветни ливчиња се ставаат околу 200 мл вода. Овој начин на лекување на неплодност како кај жените така и кај мажите, е распространет во народната медицина на повеќето земји во светот.

Нашите предци ги користеле чаевите во традиционалната медицина со векови, а веројатно тоа било резултат на некаква позитивна пракса. Врз база на искуствата на традиционалната медицина, научниците денес прават доста истражувања за да проверат дали навистина одредени типови чаеви можат да бидат од корист за здравјето.

 

Слични содржини