Зошто треба да ги замрзнете вашите јајце клетки

by Zoja Samandova Petrusheva

 

Замрзнување на јајни клетки научно се вика криопрезервација на ооцити и во суштина претставува замрзнување на јајните клетки на многу ниски температури -196 C или -320 Fahrenheit степени, што би значело замрзнување на апсолутна нула. Криопрезервацијата е окулу 10 години стара метода која се користи во различни гранки во медицината. На оваа температура доаѓа до комплетно стопирање на целокупната клеточна активност вклучително и стареењето на клетката, што едноставно значи дека со замрзнување на јајните клетки се спречува нивното стареење и тие го задржуваат својот “младешки сјај” и отсуство на хромозомски дефекти до бесконечност (т.е додека не се одмрзнат и искористат за добивање на ембриони).

Постојат два типа на криопрезервација а тоа се: брзото замрзнување или витрификација и спорото замрзнување или класичната криопрезервација. Покрај различната техника ( како што и самото име кажува) витрификацијата или брзото замрзнување има многу повисок рејтинг на преживување после одмрзнувањето, т.е 100% преживување на јајните клетки кога ќе се подложат на процесот на одмрзнување. Нормално 100% преживување не значи и 100% оплодување при процесот на ин витро и 100% бременост. На тој исход влијаат и многу други фактори. Во  Newborn Clinic користиме процес на витрификација т.е брзо замрзнување на добиените јајни клетки на -196 C.

здружение до бебе по патот на ивф

Зошто тоа функционира

Замрзнувањето на јајните клетки помагаат на жената да остане трудна многу подоцна во нејзиниот живот од 2 причини, првата е затоа што младата јајна клетка е поверојатно да е генетски со добар  квалитет т.е. генетски здрава. Секоја жена се раѓа со одреден број на јајни клетки кои од почетокот на пубертетот па се до менопаузата се трошат, на нивната ДНК со одминување на времето влијаат надворешни фактори како стрес, токсини, различни вирусни и бактериски заболувања, акутни и хронични болести, кои неизбежно  ја оштетуваат ДНК то на јајната клетка, со тоа ја стареат јајната клетка и спречуваат да ја извршува својата функција, т.е. да создаде здраво бебе. Како жената старее така останува со се помал број на јајни клетки кои се со се послаб квалитет како времето поминува. Кога жената би ги замрзнала своите јајни клетки додека е млада, ќе го спречи стареењето на јајните клетки, ќе го избегнат оштетувањето на истите што би се случило со стареењето и многу поверојатно би дошле до здрава бременост и здраво дете и во подмината возраст кога би се решиле да се реализираат како родител.

Второ, шансата за бременост после ин витро постапка со замрзнати т.е одмрзнати јајни клетки и јајни  клетки добиени од свеж циклус е еднаква.  ВО 2010 година е направена голема рандомизирана контролна студија со 600 испитанички кои биле подложени на ин витро постапка, половина со замрзнати јајни клетки а половина со клетки добиени од свеж циклус, не се забележала никаква разлика во процентот на бременост меѓу двете групи.

Тоа значи дека кога една жена ќе ги замрзне своите јајни клетки на 30 години и се одлучи да прави ин витро на 40 години, ќе ги има истите шанси како кога би правела ин витро постапка на 30 години, бидејки со витрификацијата т.е. криопрезервацијата на јајните клетки се стопира процесот на стареење во моментот кога се реализирало замрзнувањето.

Еднаш кога ќе се замрзнат јајните клетки можат да се складираат бесконечно (теоретски) и ќе можат да се искористат тогаш кога жената ќе се одлучи на бременост, без да ја  притиска времето.

здружение до бебе по патот на ивф

Зошто да се замрзнат јајни клетки

Замрзнувањето на јајни клетки е добра опција доколку не сака една жена да остане трудна во своите дваесети или рани триесети години кога нејзиниот репродуктивен капацитет е на највисоко ниво, а е сигурна дека сака да се реализира како родител во подоцнежните години, 40-ти или дури и 50-ти. Најчесто жените се одлучуваат на овој чекор затоа што во моментот немаат стален партнер, голем процент сакаат да вложат во својата кариера, а потоа да стганат мајки. Замрзнување на јајни клетки се препорачува и од медицински аспект кај пациентки што се соочуваат со почеток на некоја хронична макотрпна болест, како автоимуна болест, каде долготрајните терапии можат да влијаат на фертилноста, пациентки кои се соочуваат со малигни болести пред да започнат со хемотерапија или радиотерапија. Препорака од страна на докторите е замрзнување на јајни клетки во дваесетите години исто така и кај докажани наследни болести во семејството, посебно хормон зависни тумори, како што е генетски предиспонираниот оваријален карцином, карцином на дојка и дебело црево. После “жетвата” и замрзнувањето на јајни клетки се препорачува хируршко отстранување на јајниците.

 

Како се изведува целата процедура

Пред да се започне потребно е да се направат одредени испитувања како ПАП брис, микробиолошки вагинални брисеви, хормонални испитувања во 3- тиот ден од циклус (да се одреди типот на третманот), Антимилериан хормон за да се види резервата на јајникот и инфективен скрининг за Хепатитис Б,Ц и ХИВ.

После резултатите се одлучува со каков тип на стимулација ќе се оди. Обично се дава стимулативна  терапија на јајникот во траење од 10-12 дена за да се добие поголем број на зрели и квалитетни јајни клетки. Јајните клетки се добиваат со пункција на јајникот под ултразвучна контрола во 13 тиот или 14 тиот ден од стимулираниот циклус, под краткотрајна анестезија. Добиените јајни клетки се обработуваат се одредува нивниот квалитет и потоа се замрзнуваат. Во Newborn Clinic го користиме само брзиот тип на криопрезервација или витрификација со Kitazzato или Cryotec  техника, кое се најсупериорни на пазарот и даваат 100% преживување на јајните клетки после одмрзнувањето. Пациентката се буди веднаш после интервенцијата која трае не повеќе од 10-15 минути и после половина час е спремна и добра кондиција да си оди дома. Продолжува кратко дома со антибиотска терапија, по потреба и аналгетска терапија за да се превенира било каков ризик од инфекција. Пациентката е способна за работа уште следниот ден.

Кога жената ќе се одлучи на родителство јајните клетки се одмрзнуваат и се оплодуваат со сперма од партнерот или донорска сперма и ембрионот се враќа во матката на идната мајка.

здружение до бебе по патот на ивф

Како што и претходно нагласивме замрзнувањето теоретски може да биде бесконечно т.е. нема ограничување во времето колку долго е замрзната јајната клетка  и тоа да влијае на квалитетот на истата. Потенцијалот на таа клетка да се оплоди и развие во здрав ембрион и здрава бременост е ист како на 20 или рани 30 години кога и се замрзнала. Нејзиниот раст и развој е застанат, поточно замрзнат со сите функции на возраста кога се реализирала витрификацијата.

Денешницата се повеќе не оптеретува со задачи и не размислуваме за нашите лични и основни потреби се до моментот кога може да биде и касно за реализација. Се повеќе жени се на раководечки позиции во различни сектори од општеството и истите не одат рака под рака со мајчинство во 20 ти или рани 30 ти години. Како што ја планираме нашата кариера, како што правиме финансиска конструкција  за нашата иднина, треба да размислуваме и да ја планираме и нашата репродуктивна иднина.

За сега единствен начин да се победи времето и неговото унишувачко дејство на нашата ДНК, а со тоа и стареењето на клетките е криопрезервацијата. Направете го тоа кога сте млади. Инвестирајте во својата репродуктивна иднина.

Автор на текстот:
Д-р Татјана Гуржанова
Специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист
Специјалист гинеколог за репродуктивна ендокринологија и асистирана репродукција
Њуборн Клиник

*Содржината претставува авторско право на Здружението до бебе по патот на ин витро. Се забранува било каква употреба,копирање и умножување без претходно одобрение од Здружението!

Слични содржини