Што сакаат да знаете лицата кои се борат со неплодност

by martin

Лицата кои се соочуваат со неплодност имаат нешто да Ви кажат…

Неплодноста е чест проблем, но оваа тема е сè уште табу.

Многу парови делат заеднички сон да имаат деца. Паровите кои се соочуваат со неплодност, сфаќаат дека сонот може да биде предизвик, навидум невозможно патување. За жал, искуството со неплодност не е ретко.

Кога некој ќе сподели со вас дека има проблеми со зачнување и се соочува со неплодност, понекогаш тешко е да се знае како да се одговори. Ако не сте го доживеале тој проблем, тешко е да знаете што да кажете. Оние кои се соочуваат со неплодност некогаш бараат поддршка и разбирање. Еве некои  работи кои жените и паровите сакаат да ги знаете …

  • Ништо не боли повеќе од зборовите „Само релаксирај се и ќе се случи”
  • Неплодноста е многу почеста појава отколку што си мислите. Не сте сами. Не треба да се плашите и срамите да зборувате за тоа.
  • Под стрес си и нервозна, можеби треба да се опуштиш и смириш.
  • Кога најмалку очекуваш тогаш ќе се случи бременоста.
  • Непобаран совет ни прави повеќе штета отколку добро.
  • Неплодноста е различна приказна кај секого, како што е и бременоста.
  • Не е до возраста! Може да бидеш млада, а сепак да се бориш со неплодност.
  • Посвојувањето е многу убав начин да се изгради семејство – но не лекува неплодност.
  • Неплодноста е измачувачка и истоштувачка. Нанесува тежок удар врз бракот и трае долго, долго….
  • Неплодноста може да се случи секому и може да настане дури и ако веќе имаш едно дете. Не осудувај!
  • Не треба да се плашите да кажете дека сте бремена. Способни сме и ние да се радуваме за тебе, независно од нашата моментална ситуација.
  • Престанете со прашања кога ќе имаме бебе или второ дете?
  • Ако ваши пријатели се борат со неплодност, не им се потребни вашите совети. Тие имаат потреба да ги ислушате ако се чувствуваат пријатно да зборуваат со вас за тоа. Можно е и да не сакаат да зборуваат за проблемот со кои се соочуваат, тоа треба да го разберете и почитувате.
  • Неплодноста е неверојатно изолирачка, а претпоставките се опасни.
  • Твоите „љубезни“ зборови за надеж или охрабрување не се секогаш љубезни. Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите е да слушате и да бидете до оние кои ја водат таа борба.
  • Доколку ни самите не сте минале низ истото, нема многу нешта кои можете да ѝ ги кажете на личност која се соочува со неплодност. Подобро е само да дадете поддршка наместо објаснувања, предлози и причини.

*Содржината претставува авторско право на Здружението до бебе по патот на ин витро. Се забранува било каква употреба, копирање и умножување без претходно одобрение од Здружението!

Слични содржини