Женските хормони и нивната улога

by martin

Мозокот е одговорен за вашите мисли и постапки.

Но, кога се работи за регулирање на телесните функции, тогаш хормоните ја имаат главната улога.

Женските хормони се главни виновници за тоа што жените еден ден се чувствуваат како да ќе полетаат од среќа, за веќе следниот ден да бидат крајно нервозни и избувливи.

Хормоните се одговорни за сите полови функции кај жените.

Го условуваат растот и развојот на половите органи, развојот на секундарни полови особини, влијаат на репродукцијата, обликувањето на коскениот систем, па и на однесувањето.

Секој хормон кој се лачи во човечкото тело, испраќа специјални инструкции за секој орган и е одговорен за расположението, нивото на енергија, тежината, телесната температура, варењето и друго.

Жлездите со внатрешна секреција , кои одговараат за отцепувањето на хормоните се тироидната жлезда, паратироидната, надбубрежните жлезди, панкреасот, репродуктивните жлезди (јајници и тестиси), хипофизата, епифизата.

Расположението, физичката и менталната форма кај жените често варираат во зависност од тоа во која фаза во менструалниот циклус се наоѓаат.

Токму затоа, прочитајте нешто повеќе за женските хормони и каква е точно нивната улога.

LH хормон

LH хормонот е лутеинизирачки хормон и него го лачи хипофизата.

Тој има огромно значење во регулирањето на циклусот и неговиот правилен раст во средината на циклусот покажува дека жената има овулација.

Исто така, ако е зголемен во текот на вториот дел од циклусот, може да укажува на полицистични јајници.

Од  14-тиот до 21-виот ден од циклусот ќе се чувствувате како после бура.

Хормонот LH ја иницира овулацијата и ја зголемува сексуалната желба.

FSH хормон

FSH е фоликуло-стимулирачки хормон, кој исто така го лачи хипофизата и е значаен за растот на јајцевите клетки.

Неговиот правилен пораст е значаен за овулација.

Овие два хормони практично ја контролираат работата на јајниците и хормоните на јајниците.

Кога се во голем пораст – најавуваат климакс и нивните концентрации во климакс се исклучително високи.

Од 1-виот до 7-миот ден од циклусот ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од ноќна мора.

Но сепак, бидете ѝ благодарни на хипофизата бидејќи таа го лачи FSH хормонот кој пак го зголемува производството на естроген.

Благодарение на него ќе изгледате одлично.

Прогестерон

Прогестеронот е хормон на јајниците и е важен за втората половина од циклусот, а неговиот пораст говори дека циклусот е овулаторен и дека матката е подготвена за плод.

Тој е исто така значаен и во раната бременост додека не се развие постелката.

Естрадиол

Естрадиолот е дериват на естрогенот, го лачат јајниците и според неговиот правилен раст се знае дали ќе дојде до овулација.

За нормален циклус е важна рамнотежата помеѓу хормоните на хипофизата и јајниците.

Пролактин

Пролактинот е хормон на хипофизата и неговата најважна улога е во регулација на доењето.

Има улога и во метаболизмот и се нарекува уште и хормон на стрес, бидејќи во состојба на стрес тој расте.

Кога пролактинот е висок, тогаш нема овулација, а кога е многу покачен, тогаш изостанува циклусот.

Кортизол

Надбубрежните жлезди во човечкото тело лачат неколку хормони. Едниот од нив е кортизолот.

Познат е како хормон на стресот, а влијае на меморијата, го контролира нивото на шеќер во крвта, одржува рамнотежа на сол и вода и ги поттикнува или ограничува процесите на воспаление.

Црвенило на лицето, губење на коса, влакна на лицето, остеопороза, како и проблеми во текот на менструацијата, се знаци дека нивото на кортизолот е нестабилно.

Тироидни хормони

Тие се одговорни за многу внатрешни функции – од апетит и ниво на енергија, до болка за време на менструција.

Исто така, тие се извор на ендокрини пореметувања кај жената.

Доколку вашата штитна жлезда произведува повеќе од овој хормон, ќе бидете нервозни, ќе имате зголемен апетит, или зголемено чукање на срцето.

Ако лачењето на овој хормон е намалено, тогаш сѐ е побавно – нивото на енергија паѓа, а менструалниот циклус може да биде подолг и потежок.

Мелатонин

Овој хормон влијае на спиењето, како и на апетитот и нивото на енергија.

Веројатно ќе се чувствувате поспано во текот на денот, а навечер кога вашето тело треба да биде подготвено за спиење, ќе бидете полни со енергија.

Редовен сон и распоред на будење и исхрана, можат да помогнат нивото на мелатонинот да се врати во нормала.

Слични содржини