Совети за подобрување на плодноста

by martin

Совети за подобрување на  плодноста

Постојат добри работи кои може да ги направите за својот репродуктивен систем и да помогнете хормоните да работат како што треба.

Доброто здравје ги зголемува шансите да останете бремена и да имате здрава бременост.

Прочитајте ги советите како може да ја подобрите плодноста:

  • Омега-3 масни киселини

Ако јадете ореви, грав, сусам, семки од тиква, киноа… ако внесувате доволно протеини кои не се од растително потекло, вие веќе работите на својата плодност. Внесувањето доволно омега-3 масни киселини низ исхраната е добро за репродуктивниот систем.

  • Здрава исхрана

Важна улога за плодноста има и нивото на железо. Ако јадете намирници богати со железо како спанаќ или леќа истовремено правите и добра работа за репродуктивниот систем. Исто така е важно да внесувате доволно важни нутриенти како фолна киселина и витамин Б12.

  • Заборавете на цигарите

Жените кои пушат или нивните партнери пушат цигари имаат помали шанси за забременување. Изјава на доктор Мареј. Затоа на жените кои сакаат да забременат им се советува да престанат со пушење и да избегнуваат изложеност на чад од цигари.Познато е дека пушењето има негативно влијание на нивото на естроген, што ѝ смета на овулацијата.

  • Витамин Д

Витаминот Д е потребен на организмот за да произведува хормони што влијае на овулацијата и на балансот на хормони, вели експертот за плодност Хетир Родригез. Овој витамин исто така е важен и во бременоста. Витаминот Д е важен и за развојот на коските на фетусот. Многумина редовно консумираат витамин Д бидејќи е неопходен за здрава бременост, додава тој.

  •  Како да се изборите со стресот?

Стресот не може да се избегне и затоа е важно на здрав начин да се изборите со него.

Ако практикувате јога или слични вежби правите голема услуга на плодноста.

Хроничната изложеност на хормонот на стрес, кортизол, лошо влијае на овулацијата.

  • Вежбајте

Умереното вежбање и физичката активност се добри за плодноста, но експертите препорачуваат да не претерувате со вежбањето.

  •  Доволно спиење

Сонот е важен за општото здравје и има потенцијал да ве направи поплодна.

Доколку имате редовен распоред на спиење и се будите одморни и свежи, тоа е добар знак.

Кога сонот е попречен тоа му смета и  на хормоналниот баланс и има негативни последици на плодноста.

  • Избегнувајте премногу кофеин

Премногу кофеин не е добро за плодноста.

Тоа што треба да знаете е дека кофеин нема само во кафето туку  и во газираните напитоци, чајот и чоколадото.

Треба да бидете свесни дека плодноста е комплексна работа и не е секогаш лесно да се предвиди што има позитивни, а што негативни ефекти.

Доколку имате проблеми со забременување можеби е потребно разговор со експерт од таа област за да ги утврдите причините за тоа.

Животниот стил и навиките имаат голема улога, но не се единствената работа на која треба да се внимава.

Слични содржини