Што да консумирате а што да избегнувате по ембрио трансфер

by Ana Andreevska

Она што секогаш е главна тема и многу се дебатира е исхраната, што, кога, колку? Колку исхраната навистина влијае на плодноста? Дали треба да елиминираме некои намирници кои може да му штетат на фетусот? Каков начин на исхрана е најсоодветен пред и по трансфер на ембриони?

На почеток, за да се одговори на сите овие прашања, важно е да се разбере колку навистина е важна pH вредноста на нашето тело, бидејќи од тоа во голема мера зависи општата состојба на организмот, а со тоа и подготвеноста за репродукција.

Многу важно е да се напомене дека со здрав начин на исхрана и здрав живот треба да се започне барем неколку месеци пред започнување на ин витро постапката како би се зголемиле шансите за успех. Ова важи за двајцата партнери. Како идеален тип на исхрана кој се препорачува е медитеранската исхрана. Медитеранската исхрана е одлична диета која помага при болести на срцето, дијабетис и прекумерна телесна тежина. Оваа диета промовира повеќе да се јаде зеленчук, овошје, интегрални житарки, мешунки, и маслиново масло (здрави масти), некои риби, а помалку месо. Истражувањата покажуваат дека медитеранската исхрана е богата со антиоксиданси и флавоноиди, кои се поврзани со долговечноста.

Премногу непотребни киселини кои се наоѓаат во нашето тело, во нашите ткива, можат да бидат причина за нарушување на рамнотежата во телото, да предизвикаат болести и да влијаат на зголемување на телесната тежина. Така што целиот пристап кога „работиме на темата бебе“ е многу важен, да бидеме позитивни и однадвор и одвнатре.

Правилна исхрана како лек

Преку храната природата го храни и негува телото. Кога телото е ненахрането и во него е внесена нездрава храна нема можност за обнова и регенерација. Ова е особено важно за фертилитетот. Секојдневно во телото изумираат одреден број на клетки, а на нивно место постојано се создаваат нови клетки. Ова се случува со сите органи, мускули, ткива. Новите клетки се создаваат од храната која ја внесуваме во нашето тело. Затоа со правилна исхрана внесуваме здрава храна, корисна за нас, при што да се формираат нови здрави клетки и телото да се одржува здраво и витално.

Честопати здравиот начин на исхрана кој најчесто се применува во секојдневниот живот се разликува од исхраната за подобрување на фертилитетот. Исхраната за подобрување на фертилитетот има свои специфичности, а целта е да се влијае врз квалитетот на репродуктивните клетки, јајце-клетките и сперматозоидите, како и за понатаму да се обезбеди здрав фетален развој.

 

Што по ембрио трансфер?

На денот на пункција на фоликулите и ембриотрансферот потребен е одмор. Ако постои зголемен ризик од оваријална хиперстимулација, треба да земете неколку дена одмор.

Во периодот кој следи по ембрио трансферот треба да се избегнува потешка физичка работа, затоа најдобро земете одмор, но продолжете со секојдневните активности. Освен доколку

вашиот доктор не смета поинаку поради некоја состојба или физичка причина. Сексуалните односи се забранети сè додека не се утврди дали настапила бременост.

Поголеми шанси за успех со ин витро имаат лица кои се со нормален BMI (Body Mass Index), т.е. не се со прекумерна телесна тежина или под нормалата. Доколку сте со прекумерна телесна тежина пробајте да ослабете бавно и постепено. Не пушете и избегнувајте зачадени простории. Чадот од цигари влијае на слузницата на матката. Избегнувајте потешки спортови. Вашето тело има потреба од одмор. Се препорачуваат полесни вежби како пешачење и јога. Акупунктурата би ја подобрила циркулацијата, растењето на фоликулите и имплантацијата. Одржувајте ги грбот и стомакот топли, особено пред пункција и помеѓу пункцијата и трансфер. Не се практикува изложување на високи температури до грејни тела, сауна, туширање со жешка вода, бањи.

Храната е наш лек и наша енергија,ако на телото му го дадеме она што му треба,тоа ќе ни го врати.
Пред пункција се препорачува да се конзумира:
  • пиво, протеини (јајца, бело месо…) – за раст на фоликулите и подобри јајце клетки
  • ананас, секој ден по еден круг заедно со тврдиот дел од средината (ова особено до 5 дена пред ЕТ, но не по ЕТ бидеќи може да предизвика спонтан абортус)
  • јаткасти плодови, освен кикирики
  • матичен млеч
  • фотостимулација (гледање слики на интернет од ќелии како се делат и развиваат)
  • авокадо, манго, соја, тиквички, лубеница, спанаќ итн. (што повеќе овошје и зеленук)
  • омега 3
Пред пункција не се препорачува да се конзумира:
  • – домати
  • – млеко и млечни производи (што помалку)
  • – алкохол (освен пивото), цигари
  • – кафе (кофеин)
  • – благо
  • – газирани пијалоци
По Ембрио Трансфер се препорачува:
  • повеќе одмарање првите три дена потоа нормално функционирање без преголем физички напор, кревање тежина и скали
  • лимитирана конзумација на кофеин
  • овошни чаеви, да се избегнуваат чаевите од тревки бидеќи повеќето имаат некакво влијание на одредени функции во телото
  • јаткасто овошје
  • суво овошје
  • цвекло
  • по една банана на ден
  • риба, лигњи или каламари (помага при вгнездувањето на ембрионот поради протеините што ги содржи)
  • оптимизам, смеење, гледајте филмови кои ќе ве расположат и насмеат
  • фотостимулација (како се развива ембрионот)
По Ембрио Трансфер не се препорачува:
  • ананас
  • туширање или капење во жешка вода, сауни итн.
  • лежење во када или пливање
  • тампони
  • сексуални односи или оргазам до тестот
  • соја и соини производи
  • аеробик, зумба, фитнес, трчање итн.
  • било какви антибиотици или лекарства кои не се препишани од вашиот доктор
  • конзумирање живи јајца
  • живо месо или не доволно обработено (суши, хот дог, школки итн)
  • непастеризирани производи (непастеризирано млеко, сирење итн)
Сепак пред да одлучите да практикувате било што од горенаведеното најдобро првично да се консултирате со вашиот лекар. Доколку постојат посебни препораки прилагодени на вашата здравствена состојба во однос на физичка активност и начин на исхрана треба да се придржувате до нив.

Слични содржини