Тератозооспермија

by natasha

Бројот, формата и подвижноста на сперматозоидите е важна за да дојде до оплодување на јајце клетката. Се претпоставува дека плодноста е намалена ако има помалку од 50 милиони активни сперматозоиди на милилитар. При тоа треба да бидат подвижни барем 60% од сперматозоидите, при што е важно да се движат прогресивно, а  не во место. Сперматозоидите стануваат подвижни дури по ејакулацијата. Во гениталниот тракт на жената сперматозоидите се подвижни 48 до 72 часа по ејакулацијата движејќи се со брзина од 0.5 до 3 мм во минута. Вкупната должина на човечкиот сперматозоид изнесува 0.05 мм. Околу 1/10 отпаѓа на главата, исто толку на средниот дел, а остатокот е опашката.

Тератозооспермија е патологија на ејакулатот, во која преовладува бројот на абнормални сперматозоиди во споредба со нормалните сперматозоиди. Со други зборови, тератозооспермија е намален процент на нормални на изглед сперматозоиди, односно спермата содржи голем број на сперматозоиди со промени во структурата на главата, вратот или опашката. Со оваа дијагноза, мала е веројатноста да забремените природно, се препорачува инсеминација или ин витро оплодување.

Дијагнозата на тератозооспермија најдобро е да се потврди со најмалку два спермограма, интервалот помеѓу анализите да биде најмалку 2-3 недели, и најдобро е да се направат во различни лаборатории.

Во зависност од локацијата на патологијата, се разликуваат следниве видови на тератозооспермија:

Промени на опашката што го отежнува движењето на сперматозоидот по женскиот генитален тракт и на тој начин да ја комплицира неговата средба со јајце клетката.

Промени на главата кои се сметаат за најтешка патологија, бидејќи му отежнува на сперматозоидот да влезе во јајце клетката, формирање на јајце клетката и ја зголемува веројатноста за абортус или missed абортус во првото тромесечие. Во главата на сперматозоидот се наоѓаат хромозомите кои по спојувањето со јајце клетката ја започнуваат делбата, односно формирањето на ембрионот.

Промени на вратот кои влијаат на мобилноста на опашката. Во вратот на сперматозоидот се наоѓаат митохондриите и аденозин трифосфат кои даваат енергија со која се движи опашката.

Причините што доведуваат до промена во морфологијата на спермата можат да бидат:

  • Негативен ефект на факторите на животната средина. Зрачење, продолжено изложување на висока температура, загаден воздух, разни супстанци, може да предизвикаат не само тератозооспермија, туку и други промени во ејакулацијата.
  • Болести кои резултираат со промена во сперматогенезата. Кај орхитис, простатитис или други болести кај кои се јавуваат компликации, постои ризик од абнормални промени во структурата на сперматозоидите.
  • Хормонални нарушувања најчесто како последица на долгорочна употреба на хормонални лекови средства што содржат тестостерон при спортување за добивање мускулна маса или дијабетис.
  • Воспалителни процеси.
  • Нездравиот начин на живот, прекумерна телесна тежина, употребата на дроги, алкохол, цигари. Ако двојката планира бременост, лекарите советуваат да се откажат од лошите навики.
  • Инфективни болести на вирусна етиологија. Ако еден човек како дете се заболи со одредени инфекции кои доведоа до воспаление на тестисите, веројатноста дека тоа ќе предизвика тератозооспермија е 80%.
  • Генетски причини

Може ли тератозооспермијата да се излечи?

Колку порано е дијагнозата поставена, толку е поголема веројатноста за позитивен резултат. Сепак од голема важност е да се утврди точната причина за да може да се избере вистинскиот третман. За современата медицина не се познати лекови кои можат ефикасно да ја поправат ситуацијата. Затоа, со третманот на тератозооспермија се делува на два начина, борба против основната причина и мерки за подобрување на сперматогенезата.

Одговорот зависи во голема мера од причините за нејзиното појавување и степенот на развој на процесот. Ако зборуваме за штетни надворешни влијанија, нездрава исхрана и начин на живот, третманот на прво место е да се елиминираат овие фактори.

Во присуство на опструкција, потребна е хируршка интервенција, во случај на заразни болести, вирусна и антибактериска терапија, и во ендокрина, регулирање на хормоните. Покрај тоа, употреба на соодветни витамини и минерали се покажале како ефикасни.

Сепак, важно е да се запамети дека е препорачливо да се планира бременоста само по целосно лекување, бидејќи, како што е споменато погоре, тератозооспермијата придонесува за формирање на фетални абнормалности кои водат кон missed абортус и спонтан абортус. Доколку не се појави природна бременост, се препорачува да се разгледа можноста за ICSI, во која се избираат морфолошки здрави сперматозоиди за оплодување.

Слични содржини