Чај – помош при машка неплодност

by Ana Andreevska

Чајот со векови еден од најздравите и најпопуларните пијалоци во светот, а во некои земји како и дел од традицијата.

Иако во нашата култура пиењето чај не е толку нагласено, многу од нас сакаат кога е доцна есен и зима да испијат топла шолја чај додека во текот на летото се разладуваме со леден чај.

Овој популарен ароматичен пијалак е совршен за освежување, не само во секоја сезона, но и во секое време од денот а ни се нудат и многу вкусови и видови и е речиси невозможно е да не најдеме нешто за себе.

Ако сте меѓу оние кои се сеќаваат на чајот само кога ќе ги фати некој сезонски вирус или настинка, треба да знаете дека редовно консумирање може да има многу позитивни ефекти врз вашето тело, меѓу другото, ќе послужи како добра превенција од настинки и можност за хидратација.

Интересно е како нашиот мозок некогаш и сосем несвесно, суптилно ги употребува овие кратки моменти на уживање кои можат да делуваат амортизирачки на насобраниот стрес во текот на работната недела и значително да ни помагаат полесно да поминеме низ секојдневните предизвици.

Постои долг список на ефикасни природни лекови кои можат да помогнат за подобра плодност кај жените и кај мажите, односно за полесен пат до саканата бременост.

Неплодноста всушност не е болест, бидејќи не го загрозува здравјето на една личност на кој било начин. Тоа е медицинска состојба што може да создаде само психолошки или социјални проблеми, како резултат на неможноста на партнерите да се реализираат како родители. Претходно, оваа болест беше исклучиво поврзана со жени, но развојот на науката и медицината ни донесе откритие дека процентот на неплодност кај мажи и жени денес е идентичен. Неплодноста е во пораст и вклучува 15-18% од паровите во репродуктивна возраст. Околу 80% од нив, по третманот, успеваат да станат родители.

ЧАЈ ЗА МАШКА ПЛОДНОСТ
  • 100 грама мечкина шепа
  • 50 гр. Бабиб заб Трибулус терестис
  • 50 гр. Пискавица или јарчев рог или грчко семе
  • 50 гр. Анасон
  • 50 гр. Чубрика
  • 50 гр. Лист од бреза
  • 50 гр. Коприва
  • 50 гр.босилек

Се зема една супена лажица се прелева со 200 мл. зовриена вода. Препорачливо е да се пие 3 месеци. Дава извонредни резултати. Се пие 2-3 пати во текот на денот. Може да се стават и семки од тиква.

Зелен чај

Овој чај се смета за многу силен антиоксиданс и може да го пијат и двајцата партнери. Антиоксидантните својства на чајот делуваат на слободните радикали и спречуваат да им наштетат на спермата. Чајот го зголемува квалитетот на спермата и подвижноста на спермата ако пиете 1-2 чаши на ден. Може да додадете малку сок од лимон во зелениот чај, бидејќи витаминот Ц е многу корисен во лекувањето на машката неплодност, а медот се препорачува како засладувач. Ако можете, обидете се да пиете барем еден чај незасладен во текот на денот.

Чај за побрза сперма

Направете мешавина од чај од следниве растенија: 100 гр диви цвеќиња, 30 гр равнец, 50 гр семе од јаглика, 30 гр лисја од малина и 30 гр мајчина душица. Земете 2 лажички од смесата и прелијте ја со чаша врела вода, па оставете ја да отстои половина час. Чајот потоа се цеди и се пие 3 пати на ден за 1 чаша.

Чај за подобрување на спермограмот

Искуството покажува дека со оваа мешавина, многу мажи го подобриле квалитетот и подвижноста на спермата. Измешајте 100 гр. листови од орев, 200 гр. ртањски чај и 100 г.р лисја од мелиса. Се убаво се меша, па чајот се подготвува од 4 лажици мешавина од билки што се вари во 1 литар вода. Процедете и оладете, а потоа пијте еден литар чај во текот на денот.

Најважно е да се утврди причината за неплодност и многу е важно и двајцата партнери да бидат вклучени во процесот на третман на стерилитет.

Денешната медицина е во состојба да излечи дури 70-80% од паровите на кои им е дијагностицирана стерилност. Предност секогаш се дава на природното зачнувањето, но кога таква можност не постои, тогаш се применува стимулација на овулацијата и скратување на патеката помеѓу јајцето и спермата, потоа оплодување, односно скратување на патот на спојување на две гамети, како и ин витро оплодување, кое се изведува надвор од телото на жената.

Вашиот гинеколог најдобро ќе ве извести за која терапија или третман треба да се користи во вашиот конкретен случај.

Слични содржини