Ѓумбир за појак имунитет и зголемување на шансите за плодност

by Ana Andreevska

Kога јадеме нездрава храна, кога не сме активни и пушиме цигари – очекуваме да видиме негативно влијание врз нашето целокупно здравје. Но, малку зачудувачки, некако не очекуваме истото да влијае и врз нашата плодност. Си мислиме дека нашата плодност е константна, дека или сме плодни или не. Сепак, не е така.

Како ги третираме нашите тела и како го водиме нашиот животен стил  може да има драматично влијание врз нашата плодност. И, доколку не постои некоја биолошка позадина, едноставните промени во нашиот животен стил можат да ја подобрат плодноста и кај мажите и кај жените.

Измените во начинот на живеење се нешто што можете да го направите заедно со својот партнер. Одење на прошетка заедно, неколку пати неделно е добра вежба и време посветено на вас двајцата. Можете да се поддржувате меѓусебно, да носите поздрави одлуки за животниот стил и да се мотивирате еден со друг.

Без разлика дали по природен пат или преку ин-витро фертилизација (ИВФ), животниот стил и исхраната ја зголемува веројатноста за успех.

Имунитетот го оштетуваат лошите навики: пушење цигари, неправилна исхрана, долготрајни диети, недоволно спиење, нередовно одмарање, песимизам, лоша хигиена…

Особено во зима нашето тело е подложно на инфекции.  Нашето тело на студено троши многу енергија на загревање, уште на сето тоа ако додадеме и  физички напор, стрес, а не му дадеме доволно калории, витамини и минерали, создаваме услови болеста да не совлада.

Коренот од ѓумбир содржи огромно количество на микро и макро елементи, витамини и незаситени аминокиселини. Токму во сокот од истиот се сконцентрирани сите овие златни вредности. Коренот од ѓумбир содржи многу корисни витамини и минерали и благотворно дејствува врз целиот организам.

Лекарите го препорачуваат пиењето на сокот од ѓумбир за зајакнување на имунитетот, како и при зголемен емоционален и физички стрес. Овој чудесен напиток не само што ќе ви помогне да го зајакнете здравјето, туку и ефикасно и трајно да им ставите крај на вишокот килограми.

Ѓумбирот го подобрува варењето на храната, а може да ве заштити и од бактериите. Има способност да ја намали болката која ја чувствувате, додека циметот во комбинација со мед има моќ да ви го зајакне имунитетот.

Ѓумбирот ја подобрува потенцијата кај мажите

Ѓумбирот ја зголемува циркулацијата, поради што овој зачин веќе со години се користи за лекување на неплодност кај мажите. Коренот од ѓумбир содржи аминокиселини кои значително го подобруваат репродуктивното здравје кај мажите. Покачено ниво на холестерол во крвта може да предизвика намалување на нивото на тестостерон, кој е одговорен за нормално функционирање на машкиот организам, а исто така одговорен е и за квалитетна спермогенеза. Бидејќи ѓумбирот помага за намалување на нивото на холестерол во крвта, сето тоа индиректо влијае на машкото здравје и плодноста.

Ѓумбирот во древната кинеска медицина се користел како афродизијак. Исто така, ја зголемува плодноста кај машките. Некои истражувања покажале дека секојдневната консумација на ѓумбирот ја зголемува концентрацијата на сперматозоиди и помага при еректилна дисфункција. Според некои истражувања, ѓумбирот го поттикнува производство на сперма и нивната мобилност.

Ѓумбирот им помага на жените кои имаат миоми на матката

Исто така, се верува дека ѓумбирот им помага на жените кои имаат миоми на матката. Причината е тоа што ја зголемува циркулацијата во телото, со тоа што делува здраво на воспалението и доведува до нормална детоксикација. Ѓумбирот е билка која може ефикасно да ги ублажи менструалните болки. Со помош на антивоспалителните својства ѓумбирот ги смирува нагоните за повраќање и дијареја, кои ги мачат доста жени во текот на циклусот. Успешно го намалува нивото на простагландинот кој всушност ја предизвикува болката. Исто така помага во борба против заморот кој се јавува во тие денови од месецот, а воедно и помага циклусот да биде редовен секој месец.

Сокот од ѓумбир не треба да го консумираат:
  • Луѓе кои страдаат од алергија
  • Деца
  • Бремени жени
  • Луѓе кои страдаат од воспаленија на дигестивниот систем
  • Луѓе kои страдаат од хипертензија

Слични содржини