Што значи неплодност?
Според современите научни истражувања, неплодноста од непозната генеза е поврзана со патологии на јајца или сперматозоиди, кои тие сè уште не можат да ги препознаат. Но, медицината денес не мирува и таквата дијагноза се поставува само во 10% од случаите, па дури и пред 40 години скоро половина од брачните парови аплицираат за помош.
Исто така, постојат случаи како што се секундарна неплодност од непознато потекло. Тие се констатираат кога жената веќе била бремена барем еднаш. Конечната дијагноза се поставува само по спроведување на целиот сет на студии за двајцата сопружници.
Дијагностицирањето на неплодноста е многу значајно, пред се поради фактот дека доколку се утврди неплодност, лекувањето не смее да се одолговлекува.
Испитувањето на неплодноста открива дали постои проблем кај партнерите. Со примена на специфичен протокол на испитување двојките кои имаат проблем може брзо да се насочат кон соодветниот третман. Третманот може да вклучува и едноставно чекање на спонтано зачнување кај партнерите. Со правилен пристап се овозможува квалитетна и рационална дискусија во врска со проблемот со обајцата партнери.
Дали има проблем, треба да се запрашате по една година од воспоставувањето на редовни незаштитени сексуални односи. Меѓутоа има одредени исклучоци. Испитувањето на неплодноста треба да започне и порано, доколку жената е постара од 35 години, ако има историја на СПИ (сексуално преносливи инфекции) кај некој од партнерите, доколку жената има претходни хируршки зафати во карличната регија или има историја на неправилен менструален циклус.
Испитувањето на неплодноста се изведува по одреден редослед, паралелно кај обајцата партнери. Особено важен дел од справувањето со неплодноста е комуникацијата помеѓу партнерите, како и нивната заедничка комуникција со медицинскиот персонал.
Најчестите гинеколошки проблеми со кои се соочуваат жените
Гинеколошките проблеми можат да се поделат во неколку групи. Тука се инфекциите како најчеста патологија, потоа проблемите на туморите чиј раст ја пореметува и функцијата на околните органи како бешиката, дебелото црево со појава на симптоми како болка, често мокрење, проблеми со столицата. Ова не се симптоми кои се строго поврзани со појавата на туморите на внатрешните генитални органи но секогаш при преглед треба да се исклучи гинеколошко потекло на истите. За жал понекогаш туморите и нивниот раст е асимптоматски се до точката кога малигнизираат и затоа е потребно ситематски преглед на женските генитални органи и дојката како орган кој е двонасочно повразан со јајниците . Впрочем превентивната контрола над женските генитални органи треба да започне уште во детството и појавата на првата менструација. Најчеста инфекција која има репрекусии по реродуктивниот потенцијал на жената е хламидијата. Инфекцијата со хламидија најчесто е инапарентна, но таргет орган на истата се јајоводите и таа е една од најчестите причини за затворање на истите и појавата на антомскиот стерилитет. Гинекологијата со новата технологија може и мора да ја препознае одредената патологија пред истата да влезе во малигнитет . Значи еден ПАП, колпоскопија, преглед и вагинален ултразвук се есенцијални скрининг методи во откривањето на патологијата на ватарешните генитални органи.
Неплодноста не е само проблем со кој се соочуваат жените таа може да претставува и проблем кај мажот
Дефиницијата на неплодноста е кога еден пар има слободни , незаштитени сексуални односи во време траење од 1 година а не доаѓа до бременост. Кај жената после 35 – тата година од животот започнува пад на фертилниот потенцијал, а над 40 та доаѓа до нагол пад на тој потенцијал заради намлениот квантитет но и квалитет на јајните клетки. Кај машкиот фактор сликата е поинаква. Имено кај мажите квалитетот на семнескиот материјал започнува да паѓа некаде оклу 30- тата година од животот но не со такво темпо и држи одреден квалитет и во покасната возраст што не е слуачај кај жената. Во поглед на поделбата на неплодноста може да биде женски фактор и тоа анатомски кога се обтурирани јајоводите односно е запрен патот на гаметите и фукнционална коа нема иделана хармонија во функцијата на репродуктивните хормони. Машкиот стерелитет пак е во силен пораст и тоа е одраз на сегашниот начин на живеење полн со стрес , зрачење, неправилна исхрана, намалена физичка активност и така натаму. Стерилитеот може да биде и од двата фактори и машкиот и женскиот. Интересен е еден вид на стерилитет каде сите испитувања на парот се уредни а сепак нема резултат во напорот да се дојде до бременост. Тоа е таканаречениот идиопатски стерилитет или необјаснив стерилтет. Овој растсечки тип на стерилитет за жал повторно е резултат на сегашниот стил на живот, лошите животни навики како пушењето, стресот, намалената физичка активност, прекумерното козумирање поготово на неквалитетна храна итн.. Одговорот на нашиот организам е во покренувањето на имуниот ситем, кој е како одбранбен штит но во одредени состојби и пречка за настанување на бременост.
Испитувања на неплодноста опфаќаат неколку процедури и пожелно е да се спроведат :
- Се испитува дали жената овулира;
- Ако не овулира, се утврдува причината за оваа појава (ановулација);
- Паралелно се испитува квалитетот на спермата кај мажот;
- Се утврдува дали има промени во јајцеводите и матката на жената;
- Генетски испитувања кај жената и мажот;
- Хормонски испитувања кај жената и мажот;
- АМХ (Anti Mullerian Hormone). Овој хормон е параметар за оваријалните резерви. Се испитува за одредување на репродуктивниот потенцијал кај жената;
Во зависност од резултатите од испитувањата се преземаат конкретни тераписки мерки или се продолжува испитувањето на повисоко ниво.
Значајно е да се нагласи дека само мал број од брачните двојки имаат апсолутен инфертилитет, т.е. потполна неможност за зачнување. Најголемиот број од двојките имаат само релативна неплодност, на која може да се делува и постојат реални шанси да се постигне посакуваниот резултат. Испитувањата не треба да се прават предвреме, но не смее ни многу да се чека, бидејќи на тој начин тераписките мерки ќе имаат подобар резултат, а ќе се избегне и емотивниот стрес кој вообичаено ги следи овие појави и ја влошува состојбата во семејството.