Во последните две децении појавата на “неплодни” бракови е многу честа. Ваквата состојба може да биде резултат на неплодност на жената, но сѐ повеке и на мажот. Што е во суштина причина за машката неплодност? Женската неплодност се проучува со години и затоа медицината може со поголема сигурност да ја дијагностицира причината за женската неплодност, додека причината за машката неплодност во поголем број од случаевите останува непозната. Во просек, еден од шест парови има проблем со забременување. Во 20% од случаевите, проблемот е во лошиот квалитет на спермата, а таа често е поврзана со недостаток на цинк и витамини. Затоа, би било добро да се храните со намирници кои содржат цинк и витамини.
Намирници кои ја подобруваат плодноста кај мажите:
- Семки од тиква
Семките од тиква се добар извор на бакар, омега-3 масни киселини, цинк и Витамин К, а како важна компонента, тие поседуваат анти-воспалителни својства кои штитат од рак, артритис и остеопороза. Омега-3 масните киселини го зголемуваат протокот на крвта во половите органи.
- Шипка
Сокот од шипка ја подобрува ерекцијата и со тоа го зголемува квалитетот на спермата. Резултатите од истражувањето покажале дека мажите и жените што секојдневно внесуваат една чаша сок од шипка имаат зголемено ниво на хормонот тестостерон, што ја зголемува сексуалната желба. Во резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетите од Единбург (учествувале 58 волонтери на возраст од 21 до 64 години) наведено е дека љубителите на црвениот пијалок имаат од 16-30% поголемо ниво на тестостерон за разлика од луѓето што никогаш не конзумирале сок од шипки.
- Остриги
Цинкот се препорачува за лекување на машката неплодност бидејќи е важен во произведувањето на спермата. Остригите се сметаат за многу богати со цинк, и велат дека се афродизијак за подобра потенција.
- Лук
Лукот делува како природен афродизијак и го зголемува произведувањето на спермата. Тој содржи соединение наречено алицин, што ја зајакнува издржливоста на спермата и ја подобрува циркулацијата во крвта. Минералниот селен што е присутен во лукот, придонесува мобилност на спермата.
- Зелен чај
Студиите покажуваат дека антиоксидансите во зелениот чај имаат добар потенцијал за подобрување на плодноста, од причина што неутрализираат слободни радикали, што можат да ја оштетат спермата.
- Домати
Тие се најдобар извор на антиоксидансот ликопен кој го подобрува движењето на спермата, активноста на сперматозоидите и нивната структура. Него го има повеќе во варените и процесираните домати. Користете пасирани домати и додајте им маслиново масло за да помогнете во апсорпцијата.
- Ореви
Оревите се богати со Омега 3 масни киселини. Консумацијата на една шака ореви, околу 75 g дневно, ја зголемува виталноста на спермата. Сперматозоидите се пораздвижени и имаат подобар облик и големина. Оревите се одличен додаток за вкус во салатите или како ужина за да се поправи нивото на шеќер.
- Леќа
Таа е најбогата со фолат (природна фолна киселина) која за машката плодност еднакво важна како и за женската. Утврдено е дека мажите кои помалку внесуваат фолат имаат повеќе хромозомски абнормалности во спермата. Леќата е одличен растителен извор на протеини и влакна.
- Боровинки
Боровинките се добар извор на силни противвоспалителни антиооксиданси, вклучувајќи кверцетин и ресвератол. Истражувањата покажуваат дека кверцетинот може да помогне во одржувањето здрави параметри на спермата вклучувајќи подвижност и квалитети, а резерватолот го подобрува бројот на сперматозоиди и нивното движење. Дневно е добро да консумирате по една шака боровинки.
- Калинка
Се смета за супер храна која содржи високо количество антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и делува противвоспалително. Истражувањата покажуваат дека калинката го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува сексуалната желба кај двајцата партнери. Една чаша сок од калинка дневно може да направи многу корисни промени.
- Темно чоколадо
Црното чоколадо е богат извор на аминокиселината ларгинин за која се докажало дека го зголемува волуменот на ејакулацијата, бројот на сперматозоидите и нивната подвижност. Колку чоколадата е потемна, толку подобро.
Покрај работите кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана, постојат и две работи кои би требало да ги избегнувате ако сакате здрава сперма:
- Кофеин
Кофеинот ги намалува шансите за да забремени жената и лошо влијае на спермата. Добро би било и двајцата партнери да се ограничат на една лажичка кафе.
- Диетални газирани пијалаци
Додадените и заменски засладувачи се поврзани со намалениот број сперматозоиди и може да имаат улога во оштетените ДНК сперматозоиди. Истражувањата покажуваат дека мажите кои пијат многу газирани пијалаци имаат помал број на сперматозоиди.