Бидете делот кој недостига од нашиот микромозаик

by natasha
До овој проект дојдовме со идеа, да им помогнеме на нашите активни членови за нивната ангажираност, помош и поддршка кои несебично ги даваат за подобрување на условите на ИВФ пациентите во нашата земја. Нашите активни членови, кои покрај тоа што поминуваат низ ИВФ процесот и се соочуваат со сите психички и финансиски потешкотии сепак наоѓаат простор и време да помогнат на останатите кои поминуваат низ истото.
Огромна благодарност до Newborn Clinic – Center for fertility I Њуборн Клиник – Центар за плодност за несебичната поддршка и помош која ни ја даваат од самиот почеток како никој друг. Воедно, ги повикуваме и останатите институции од областа, ИВФ клиники, лабаратории, психолози, ендокринолози, нутриционисти, фармацевски куќи и слично, да се приклучат во ова празнично подарување и барем на кратко да направат нашите активни членови кои поминуваат низ ИВФ процесот да ја почуствуваат празничната магија. Бидеќи Нова година и Божиќ се празници за подарување.
Воедно ве повикуваме сите вас кои сеуште не сте активни членови во Здружението, да ни се придружите, бидеќи колку сме побројни, толку сме помоќни. И секако секој кој до моментот на извлекување на добитниците ќе стане наш активен член, ќе учествува во истото. Инфо во однос на активно членство, како да станете активен член и што тоа значи можете да погледнете на следниов линк: 
Добитниците на подароците од нашите пријатели:
– Newborn Clinic
– Психолог-психотерапевт Lidija Popceva
-New Nutritionism (​нутриционистички прегледи, консултација и програма) нутриционист Билјана Ристеска
– Bionika Pharmaceuticals Варус Дооел Скопје
Ќе бидат извлечени по случаен избор на неколку наврати.
Личните податоци на активните членови и приватноста секако нема да бидат нарушени.  Добитниците ќе бидат објавени со ID бројче кое го има секој активен член.
Бидете делот кој недостасува од нашиот микромозаик! Подарете насмевка, подарете среќа, подарете иднина, бидеќи децата се нашата иднина!
Благодарност до Final Fiction за подарените пакетчиња
Декември 2021

Слични содржини