Пристапница за членство

by martin

Во Здружението “ДО БЕБЕ ПО ПАТОТ НА ИВФ” – Скопје
Со ова изјавувам дека пристапувам во членство на Здружението „ДО БЕБЕ ПО ПАТОТ НА ИВФ“ –
Скопје и се обврзувам да постапувам во согласност со целите и активностите дефинирани во
Статутот на Здружението. Запознаен/а сум со месечната членарина од 100 денари, дека морам да
ја уплатам на сметка на Здружението месечно, како и за повеќе месеци однапред

Бројот на сметка за плаќање за членство е NLB Банка 210-0741036001-54 денарска сметка, цел на
дознака: плаќање на членарина.
Со самото уплаќање редовна членарина сте член на Здружението по член 7 од Статутот.

Напомена: Како би можеле да ги користите поволностите и попустите кои ги овозможува Здружението До бебе по патот на ИВФ за своите членови, треба да сте активен член 
 

Што се подразбира под активен член?

  Член кој уплаќа членарина за најмалку 12 (дванаесет) месеци однапред .

Со самото
ваше членство го поддржувате Здружението и помагате во остварување на целите на
Здружението.

 

Со самото тоа помагате да успееме и да се избориме да имаме финансиски полесен пат, а воедно
и да ни биде олеснет патот до Бебе.

Воедно со редовно членство ( редовна уплата на членарини ) ги уважувате и попустите на
Институциите со кој Здружението склучило соработка.

Поволностите и попустите кои можете да ги користите како активен член на Здружението погледнете ги на следниот линк:

Поволности и попусти за членови

Со не плаќање на редовна членарина по член 10 од Статутот членството Ви престанува, доаѓа до
исклучување со одлука која ја донесува Собранието на Здружението на предлог на Управниот
одбор.
При престанок на членство по Статут се враќа пристапницата со назнака дека членот е исклучен од
Здружението.
Членството престанува по Член 10 од Статутот со исклучување во случај :
– Не го почитува Статутот и другите акти на Здружението
– Дејствува спротивно на целите на Здружението
– Не ја плаќа редовно членарината
Здружението по член 8 од Статутот ја гарантира анонимноста на личните податоци во регистарот
на членови.