Етичките прашања поврзани со PGD

by natasha

Репродуктивните технологии но и самиот процес на ивф со себе носи разни можности за подобрување на постапката и подобра селекција на здрави ембриони. Еден од тие третмани е преимплатациска генетска дијагностика (PGD).

Овој вид на дијагностика се изведува:

  • кај идните родители со познати наследни генетски болести како цистична фиброза
  • историја на повторливи абортуси поради хромозомски абнормалности

Првенствено овој метод е развиен како алтернативен пристап за предимплантациска дијагноза на паровите кои имаат голем ризик да пренесуваат генетски неправилности на своите деца. Скрининг дијагнозата се изведува на ембрионите создадени со ивф процесот за да им се направи генетска анализа пред трансфер. Со овој вид на дијагностицирање, најчесто се лоцира нарушувањето на еден ген (генетски болести кои содржат мутации на само еден мутиран ген, како даунов синдрон, бетаталасемија, хемофилија), но исто така и да се избегне повеќе од едно нарушување во иста процедура.

Меѓутоа, како и секоја репродуктивна технологија така и PGD дијагностицирањето со себе носи низа на етички прашања и дебати. Еден од првите проблеми кои се јавуваат е селективна репродукција. Ембрионите се развиваат до третиот ден, стадиум на 6 до 10 клетки или петти ден, бластоцист со 100 и повеќе клетки, од кои потоа се земаат 1 или повеќе од ембрионските клетки и се анализира клеточната днк за хромозомски абнорманости или генетски мутации. Оние кои со себе ги носат овие неправилности се уништуваат, што на некој начин претставува селективен абортус.

Следно, PGD дијагностицирањето ја отвора можноста за радикално ширење режим на евгеника-самонасочување на човечката еволуција (селекција на посакувани наследни карактеристики со цел да се подобрат наредните генерации). Во својата конвенционална дефиниција главниот аспект на принуда на репродуктивниот избор на луѓето за социјални потреби.

Трето, и можеби најважно, со сите предимплантациски дијагностички пристапи намалувањето на ризиците се однесува само на условите што ги оценува технологијата. PGD не гарантира дека детето ќе биде ослободено од генетски или вродени состојби (совршено дете), туку дека тоа бебе ќе биде ослободено од сите состојби за кои се направени тестови.

Овој вид на третмани нема да изнајде одговори за сите етички прашања кои ги поставува предимплантациската дијагностика, и затоа пациентите мора да ја сфатат намерата на истите, која често може да биде злоупотребена.

Дел од индивидуалноста и дигнитетот на една личност се наоѓа во адекватноста и непредвидливоста што го опкружува нејзиниот развој.

Автор на текстот: Магистар по филозофски науки во областа на етиката Деспина Петровска

*Содржината претставува авторско право на Здружението до бебе по патот на ин витро. Се забранува било каква употреба, копирање и умножување без претходно одобрение од Здружението!

Слични содржини