Витамин Д – карактеристики и улога во организмот
Витаминот Д се создава по природен пат во човечкото тело, кога тоа е изложено на сонце. Поради тоа, познат е и како “сончевиот” витамин.
На сите ни е познато дека витаминот Д е особено важен за коските. Тој помага за полесно апсорбирање на калциумот. Недостатокот на калциум води до рахитис (омекнување и деформирање на коските) кај децата и остеопороза кај возрасните. Витаминот Д помага за побрзо зараснување на повредите на коските кај повозрасните луѓе.
Хормон или витамин?
Малкумина знаат дека иако се реферира на витамин, станува збор и за прохормон или прекурсор на хормон. Дефиницијата за витамини е соединенија кои телото не може самото да ги синтетизира, а се неопходни во мали количини за извршување на некои важни процеси во телото.
Витаминот Д може да се синтетизира и има многу покомплексно дејство од останатите витамини во организмот, но сепак, неговото синтетизирање оди под дејство на сончевите зраци, затоа се вбројува и во витамините.
Недостаток од витамин Д
Недостатокот од овој витамин е застапен речиси насекаде, но зошто е тоа така, особено во земјите каде сончевите зраци се присутни во поголемиот дел од годината?
И кај нас во Македонија постојано имаме сонце, но дали начинот на живот ни дозволува доволна изложеност? Градежните работници и земјоделците на пример, немаат дефицит, но огромниот дел од луѓето работат канцелариска работа, па така изложеноста кај нив е минимална.
Неколку минутното изложување на сонце на лицето и рацете е далеку од доволно. Дополнително проблем е во кој дел од денот излегуваме, потоа, можеби позначајно, кој месец е?
Истражувањата покажуваат дека во одредени месеци од годината и самата изложеност на сонце, не продуцира витамин Д. Тоа се зимските и есенски месеци, па и дел од пролетта. Причината е аголот на сончевите зраци.
Создавањето на витаминот Д нагло почнува во месеците мај и јуни, но во периодот од 10 до 15 часот. Овој период мораме да научиме да го искористуваме.
Сонцето е најголемиот пријател на Витаминот Д. Изложувањето на сонце (но не претерано) може да биде од голема корист во апсорпцијата на калциумот во телото. Како што се знае, калциумот е неопходен за да ги одржиме здрави нашите коски и заби. Не само што игра важна улога во зајакнувањето на нашиот имунолошки систем, тој е неопходен за превенција на сериозни заболувања како што се остеопорозата, хипертензија, карцином и автоимуни заболувања.
Извори на витамин Д
Сонцето навистина е најважен извор на витамин Д, но сите знаеме колку е штетно изложувањето на сонце. Затоа, подобро е да внесувате витамин Д преку исхраната или со консумирање на додатоци богати со витамин Д.
Овој сончев витамин кој го помага разложувањето на калциумот во коските најмногу е застапен во црвеното месо, месото од риба (лосос, сардина, туна), рибиното масло, печурки и жолчката од јајцето. Но, има и некои продукти во кои производителите по вештачки пат додаваат витамин Д. Такви продукти се: корнфлексите, кравјото млеко, сирењето и маргаринот. Сепак, производителите не се задолжени да го прават тоа, па затоа ако сакате да купите продукт богат со витамин Д, побарајте информација за составот на продуктот на неговата етикета.
Кои луѓе имаат потреба од дополнително количество на витамин Д?
- Луѓето кои живеат во посеверните краишта на планетата.
- Оние кои живеат во градови со висока загаденост.
- Повозрасните. Многу често повозрасните луѓе не се изложуваат доволно на сонце, затоа кај нив се создава помалку витамин, кој треба да го надокнадуваат со користење на додатоци во исхраната. Тука спаѓаат и вработените во канцеларии и луѓето кои поголемиот дел од денот го поминуваат во затворени простории, како и оние што премногу често користат креми за сончање.
- Луѓето со поголема телесна тежина. Масното ткиво на луѓето од оваа група зема и складира повеќе витамин Д и како резултат на тоа се намалува количеството на витамин Д во крвта.
- Луѓето со темен тен на кожата. Кога луѓето со потемен тен на кожата се изложуваат на сонце, кај нив се создава помалку витамин Д, затоа што нивната кожа апсорбира помалку UV зраци.
- Доилки и трудници. Жените од оваа група треба да консумираат дополнително витамин Д, особено ако имаат темен тен или ако не се изложуваат доволно на сонце. Истражувањата покажуваат дека количеството витамин Д кое што го имаат мајките во текот на последните три месеци од бременоста, директно влијае врз здравјето на коските на бебето.
Витамин Д во бременост
Бремените жени не треба да јадат за двајца, туку мора да внесуваат соодветни витамини и минерали кои ќе им служат на потребите на двата организма.
Бременоста (гравидитет) е посебна медицинска состојба на женскот организам која подразбира поместување на внатрешните органи како што расте матката, како и зголемување на волуменот на крв и другите ткива. Наспроти конвенционалното верување, потребите за есенцијални хранливи намирници не растат значајно во однос на состојбата пред бременост. Меѓутоа, со оглед на тоа дека секој женски организам е индивидуален, универзалните препораки е тешко да се формулираат. Веќе половина век научните студии го проучуваат земањето хранливи материи и дозирањето лекови кај трудниците. Како резултат се изродиле општи препораки за внес на одредени супстанции кои може да придонесат за подобар развој на плодот, како и да ја зголемат отпорноста во бременоста.
Витаминот Д се препорачува да го земаат лица со пониско ниво на овој витамин, како и во случај бременоста да е во текот на зимските месеци, кога има помалку сончеви интервали. Се препорачува земање на 400 IU витамин Д кај сите трудници, освен во посебни случаи кога дозите се зголемуваат и до 5 пати.
Калциумот кај бремените жени е клучен за развој на коскеното ткиво на плодот и за зачувување на мајчините коски од мобилизација на калциумот од нив.
Витаминот Д помага за вградување на калциумот во коските и треба да се суплементира во доза од 400 ие на ден, особено доколку бременоста се одвива во текот на есенско-зимскиот период (октомври – април), бидејќи синтезата на витаминот Д во голема мера зависи од сонцето. Суплементацијата со витамини и минерали треба да продолжи и во периодот на доење бидејќи, особено во првите 6 месеци, мајчиното млеко е најважниот извор на овие многу важни елементи за здравјето на новороденчето.
И на крајот, но не и помалку важно, бремените жени треба редовно да го посетуваат својот матичниот гинеколог и навремено да ги вршат предвидените тестови. Тоа е најсигурниот пат до безбедна бременост и здраво потомство.
Витамин Д и неплодност
Постои врска помеѓу ниските нивоа на витамин Д и неплодноста. И машките и женските полови органи имаат рецептори на витамин Д и метаболички ензими, што индиректно покажува дека витаминот Д е многу важен за здрава плодност.
Ниските нивоа на витамин Д се поврзани со проблеми со овулацијата и зголемен ризик од ендометриоза.
Исто така, истражувањата покажуваат дека жените со поголемо ниво на витамин Д во крвта имаат поголема веројатност да забременат преку медицински процедури за оплодување, отколку оние со пониско ниво на витамин Д.
Со ретроспективна студија се докажува дека кај жени со синдром на полицистични јајници, нивото на серумскиот витамин Д (25-О Д) е независен фактор на успех во процедурите за медицинска асистирана репродукција (МПО). Според упатствата на ендокринолошкото друштво, доволно нивоа на витамин Д во крвта е ≥ 30 ng / ml (≥ 75 nmol / L). За жени кои планираат бременост, оптималните вредности се ng 45 ng / ml (≥ 112,5 nmol / L) или се коригираат според споменатата студија ≥ 39 ng / ml (≥ 97,5 nmol / L).
Кај жени со синдром на полицистични јајници и намалено ниво на витамин Д во крвта, додаток на витамин Д во доза од 50 000 IU неделно за 8 недели, постои регулација на менструалниот циклус, намалени акни и повисоки стапки на спонтана бременост, во споредба со жените кои не земале витамин Д .
- Истражувачите анализирале податоци од 11 објавени студии во кои учествувале 2.700 жени кои биле подложени на процедура на ВТО (метод ИВФ, метод ИЦСИ и / или трансфер на замрзнати ембриони) чијшто статус на витамин Д бил проверен со тестови на крвта. Откриле дека успехот и живороденото дете се со поголема веројатност кај жени кои имаат соодветно количество витамин Д отколку кај жени кои немаат. Концентрациите помалку од 75 nmol / L се сметаат за недоволни концентрации на витамин Д, а помалку од 50 nmol / L се сметаат за дефицитарни. Сличен резултат беше забележан кога истражувачите ги разгледаа резултатите од тестовите за бременост и клиничката бременост (каде што може да се открие срцев удар кај фетусот). Доктор, академски клинички предавач и субспецијалистички приправник во медицината за репродукција и хирургија, рекол: „Еден зачудувачки наод беше високото ниво на недостаток на витамин Д кај овие жени. Откриваме дека само 26% од жените во студиите имале доволна концентрација на витамин Д; 35% имаат недостаток на концентрација и 45% недоволна концентрација. ”