Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ин витро
Цели :
- Да се пронајде решение да се зголеми бројот на ваучери од Фондот за здравство на РСМ за прво дете од сегашните 3 ( три ) на најмалку 5 ( пет ).
- Секој град и општина во нашата држава да издвојува парични средства за финансирање на ин витро постапката за прво дете ( вклучувајќи го и ин витрото со дониран матерјал ) на оние парови и поединци кои ги искористиле сите 3 ( три ) ваучери за прво дете и не се оствариле како родители.
- Изнајдување начин за финансирање на трошоците од страна на Фондот за здравство на РСМ на паровите и поединците, на кои единствено остварување родителство им е само по пат на ин витро со дониран матерјал.
- Да се стави на позитивна листа поголемиот дел од потребната терапија за ин витро.
- Да се рефундираат парите на поголемиот дел од потребната терапија за ин витро.
- Процедурата на ин витро со дониран матерјал да е финансиски достапна за секој кој има потреба од истата.
- Да се подигне свеста на јавноста за самиот процес на ин витро.
- Да се пронајде решение да во склоп на самиот ваучер од Фондот за здравство на РСМ е вклучен и психолог.
- Да секоја Клиника за ин витро има вклучено психолог кој ќе работи во текот на постапката со пациентите без финансиски надоместок од страна на пациентите.
- Активности на Здружението ќе се да организира самостојно или заедно со други организации, правни или физички лица преку советување, семинари и други форми на едукација во областа на ин витро.
- Организација и организирање на собири од едукативни цели со медицински лица и стручни лица од областа на ин витро, како и со лица инволвирани во самиот ин витро процес.
- Соработка со медицински установи, ин витро центри, фармацевтски куќи, лаборатории, министерства, приватни и државни органи, општини и тн. Кои ќе ни помогнат во остварување на целите , преку кои ќе се олесни патот за остварување на право на родител.
- Начелата врз кои се темели работата на здружението се независност, јавност и транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот, хуманост, партнерство, етичност, еднакви можности и одржливост.